INCO Термини

Inco термини или Интернационални комерцијални (Меѓународни трговски) термини е серија меѓународни правила со термини, издадени од Меѓународната трговска комора (ICC), кои нашироко се употребуваат во меѓународните трговски трансакции. Тие се прифатени од страна на владите, официјалните служби и практичари насекаде низ светот за толкување на најчесто употребуваните термини во меѓународната трговија. Ова ги намалува или отстранува целосно нејаснотиите кои произлегуваат од различната интерпретација на таквите термини во различни земји. Нивниот опсег е ограничен на прашања поврзани со правата и обврските на страните во купопродажниот договор во поглед на доставувањето на стоките што се продадени. Тие се употребуваат за да се поделат трошоците и должностите помеѓу купувачот и продавачот и ги рефлектираат највисоките достигнувања во транспортните практики. Тие соодветствуваат со Конвенцијата на ОН за Договори за меѓународна купопродажба на стоки. Првата верзија е објавена во 1936, а сегашната датира од 2000 година.

Од 1-ви јануари 2020, важи новото издание Incoterms 2020 . Промените се однесуваат на неколку термини претходно наброени во делот D, кои сега повеке не се во употреба и се заменети:

  • DAT (Испорачано на терминал) заменето со DPU
  • DPU ( Испорачано на истоварно место- неистоварено)

Новиот термин важи за сите видови на транспорт.